11 ноември, 2014

Погледнете го „Секој“ од златните славејчиња и Даниел Кајмакоски

Како што е познато, од 14-19 ноември во Унверзалната сала во Скопје ќе се одржи детскиот фестивал „Златно славејче“, во организација на Советот за грижи и воспитување деца на град Скопје, а со златните славејчиња дует сними и популарниот пејач Даниел Кајмакоски. Веќе имавте можност да ја видите снимката од пробите, а песната насловена „Секој“, чии автори се композиторот Александар Митевски и текстописецот Огнен Неделковски, вчера доби и свое видео издание, за кое се погрижи продукцијата „Сторителер“. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Покрај дуетската песна со славејчињата, Кајмакоски се подготвува и за претстојниот „Скопски фестивал 2014“а на сцената во „Метрополис арената“ на 12 ноември (среда) ќе настапи со темата „Есенски лисја“, чија музика ја потпишува Јоаким Персон, текстот заеднички го напишаа Кајмакоски со Александар Митевски, а аранжманот го направија Митевски, Бобан Апостолов и Далибор Грубачевиќ.



Врати се горе ↑