12 ноември, 2014

Погледнете го „Сега ми требаш ти“ од Кристина Арнаудова и „Ај кју“

Вчера во „Телеком Тренд“ на кеј се одржа промоцијата на видео записот за песната „Сега ми требаш ти“, која е соработка на Кристина Арнаудова и групата „Ај Кју“. Темата воедно е и новиот сингл од последниот албум на Арнаудова, „Земи ме“, објавен во мај годинава, а ќе се најде и на албумот на „Ај кју“, на кој групата работи во моментов. Музиката и текстот се на Кристина и Бојан Трајковски од „Ај кју“, кој се погрижи и за аранжманот и продукцијата во студиото „Мјузик хаус“.

Видео записот го работеше режисерот Дарио Јанковиќ, со кого Кристина и „Ај кју“ соработуваа за прв пат и од кого се навистина задоволни, особено од брзината и ефикасноста на сработеното. Снимањето се одвиваше на две локации: на покривот на „Сити мол“ и на Попова Шапка, на 2000 метри надморска височина, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑