19 ноември, 2012

Погледнете го „Сега или никогаш“

Неодамна рап составот Стиховно Војување во соработка со младиот пејач Филип Тодоровски, кој го знаеме како дел од последното М2 шоу, го објвавија видео записот за нумерата „Сега или никогаш“. Текстот на песната го потпишуваат момците од Стиховно Војување (Христијан Аџиоски, Васко Мирчевски и Жанко Котевски), додека музиката е на Филип Тодоровски и Васко Патуљче Мирчевски, кој е и продуцент на видео записот. Аудио продукцијата е на С.В. Продукција, а видео продукцијата е потпишана од Гнасни Деца. Песната е дел од истоимениот албум, а актерите кои се појавуваат во видеото се Кире Смилевски и Омер Сулоски, а е сниман на локаци во Битола, односно отпад „Келешовски“ и средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола.



Врати се горе ↑