29 јуни, 2015

Погледнете го „Сè што имав јас“ од Елена Миленковска

Иако има само неколку песни зад себе, Елена Миленковска со секој нов проект ни открива нова и поинаква страна од себе. Токму тоа го направи и со нејзината неодамна објавена песна „Сè што имав јас“, чиј комплетен автор е Роберт Билбилов, со кого пејачката соработува за првпат.

За доживувањето на песната да биде што покомплетно, Елена сними и мошне интересен видео запис во режија на Иван Ѓоргиевски, а во реализација на продукцијата „Сторителер“ (Storyteller). Во екранизацијата за „Сè што имав јас“, Миленковска ја изразува емоцијата на песната и преку танц со Мишо Спасовски, кој воедно ја осмисли и самата кореографија, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑