19 јуни, 2014

Погледнете го „Say Yes“ од Мишел, Кели и Бијонсе

Темата „Say Yes“ која го најавува новиот студиски албум „Journey To Freedom“ на Мишел Вилијамс, деновиве доби и свое видео издание. Како што е познато, во оваа песна гостуваат и нејзините колешки од поранешниот состав Дестинис Чајлд, Кели Роланд и Бијонсе Ноулс, а иако беше најавена, сепак Соланж не се најде во финалната верзија од песната. „Say Yes“ е всушност обработка на истоимената госпел песна, а како изгледа верзијата на девојките од поранешното популарно трио можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑