12 септември, 2013

Погледнете го „Сакам да заборавам сè“ од Јасмин Алиевски

„Да заборавам сè, но сега не можам не, ова лето ми мириса на тебе…“ се стиховите од новата песна на младиот музичар и пејач Јасмин Алиевски со која го најави крајот на летото и почетокот на новата работна есен. „Сакам да заборавам сè“ е дело на веќе докажаниот продуцент Лазар Цветкоски (музика и аранжман), додека текстот го потпишува Милан Миланов. Видеото за новата песна е неговиот прв официјален спот, кој се снимаше на неколку локации покрај Охридското езеро. Довербата за изработката им ја довери на Горила продукција и режисерот Владимир Дади Ивановски.

Со оваа новата песна, Јасмин ветува сè почесто учество на музичката сцена и вели дека многу посериозно ќе се потруди да го заработи своето место на македонската естрада.



Врати се горе ↑