28 февруари, 2013

Погледнете го „Right Here“ од Џастин Бибер и Дрејк

„Right Here“, песната која се најде на минатогодишниот албум „Believe“ на  момчето кое влезе во историјата како прв изведувач кој имал пет „број 1“ наслови на американската Billboard 200 листа на албуми пред да наполни 19 години, на 5-ти февруари започна да ги освојува топ листите, но како што се дознава, песната нема да го има статусот на четрврт официјален сингл од ова издание, бидејќи тоа ќе биде нумерата „All Around The World“, која официјално ќе биде лансирана на 4-ти март.

А сега песната во која гостува колегата Дрејк и чија продукција ја потпишува Хит Бој доби интересен текстуален видео запис изработен како класична анимација, а истиот можете да го погледнете горе.

 

Извор: Idolator/MTV



Врати се горе ↑