1 октомври, 2014

Погледнете го „Restart“ од Сем Смит

Пред само година-две, ретко кој слушнал за Сем Смит, но сега сите го препознаваат вокалот кој го отпеа минатогодишниот хит „La La La“ од Ноти Бој, како и сè уште актуелната балада Stay With Me“. Во меѓувреме, 22-годишниот британски музичар беше прогласен за најперспективен изведувач за 2014 година, добивајќи ја наградата „Избор на критичарите (Critics’ Choice Awars)“ на Британските музички награди, го објави својот деби албум „In The Lonely Hour“, со кој дебитираше на врвот на британската албумска листа, каде што повторно повторно се искачи неколку недели подоцна, а го постави и историскиот рекорд во САД, каде што стана „најпродаваниот машки изведувач од Велика Британија во првата недела на американската листа“.

Комплетно распродадени турнеи и бројни настапи на фестивали во текот на летото… сето тоа е спакувано во видео записот за новиот сингл „Restart“, кој, за разлика од досегашните емотивни балади, е со побрз ритам и звук кој потсетува на хитовите од осумдесеттите години.

„’Restart’ е една од моите омилени песни на албумот и навистина сакав да ја визуализирам“, изјавил Смит за „Гардијан“, додавајќи: „Одлично си поминав составувајќи го материјалот за видео записот и присетувајќи се на некои неверојатни моменти од оваа година, како и неодамнешното патување со мојот тим во Брајтон“, вели пејачот, кој соработувал со имиња како што се Ноти Бој, Дикслоужр, Мери Џеј Блајџ, легендарниот Најл Роџерс, Џими Нејпс и други.



Врати се горе ↑