1 мај, 2013

Погледнете го „Репрезент“ од Шутка рома рап и Пука Козметика

Вчера во пивница „Стар Град“ (до Црква Св. Спас) се одржа промоција на видео записот за песната „Репрезент“, која е соработка меѓу Шутка рома рап и Пука Козметика. Музиката е на Шутка рома рап, а текстот им е заеднички на двете групи. Видео записот е во режија на Дарко Масларковски, а за камера и монтажа беше задолжен Ерџан Керим. Како изгледа и звучи оваа интересна соработка можете погледнете горе.



Врати се горе ↑