11 јуни, 2013

Погледнете го „Регетон“ од Тајзи

Периодов се зборуваше за Тајзи и Марјана Станојковска. Дали имаме нова љубовна двојка?! Конечно го имаме одговорот: Да, тие се заедно и има врска помеѓу нив, но сето тоа во корист на Тајзи и неговата нова „Регетон” песна во чиј видео запис се појавува атрактивната манекенка и водителка која ги истакнува своите веќе добро извежбани танц движења.

Видео записот го изработи режисерот Даниел Јовески, а на песната покрај Тајзи со неговите стихови се потпишува и Јован Јованов како продуцент. Тајзи во соработка со Иноватива груп најавуваат забавно лето, а понатаму и реализација на неговото првенче, соло албумот на кој веќе на големо се работи.

 



Врати се горе ↑