28 ноември, 2013

Погледнете го „Радио свира за нас“ од Јелена Томашевиќ

Српската пејачка Јелена Томашевиќ деновиве го претстави својот нов сингл кој пристигна заедно со видео запис снимен во шпанскиот град Барселона. Станува збор за песната насловена „Радио свира за нас“, која заедно со нејзината видео адаптација е вистинско освежување во овие студени ноемвриски денови. Интересно е тоа што како автор на оваа тема, покрај Александра Милутиновиќ (текст), својот потпис го стави и нашиот познат композиторт Дарко Димитров (музика).

Во изминатиот период Томашевиќ навистина го освежи нејзиниот музички стил, а доказ за тоа е и нејзиниот претпоследен сингл Вертиго“, кој го претстави во септември годинава. Како и да е, уживајте со новиот сончев видео запис на „Радио свира за нас“, кој го режираше Милош Надаждин и кој можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑