3 мај, 2013

Погледнете го „Q.U.E.E.N.“ од Џанел Моне и Ерика Баду

Неодамна Џанел Моне го најави нејзиниот нов албум насловен „The Electric Lady“, а тоа го направи со првиот сингл од ова издание – дуетот со Ерика Баду „Q.U.E.E.N.“, кој деновиве доби и свое видео издание. Футуристичката приказна се одвива во музеј „каде што се замрзнати сите легендарни бунтовници“, а Моне и Баду се заробени таму токму поради лансирањето на овој проект во XXI век. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑