31 март, 2016

Погледнете го (првиот) видео запис за „Dangerous Woman“ од Аријана Гранде

После интересната акапела верзија на насловната тема од нејзиниот нов албум, Аријана Гранде го претстави и официјалниот видео запис за „Dangerous Woman“. Но, пејачката сакала да го извлече максимумот од оваа песна, па решила да сними дури два видео записа.

„Работиме два видео записа бидејќи оваа песна ме прави да се чувствувам на два начина, ме прави да се чувствувам секси и гламурозно и сакав да снимам едноставно видео со акцент на гламурот, а потоа и друго видео бидејќи, од друга страна, се чувствувам како суперверзија на самата себе“, изјавила таа.

Како изгледа првата верзија можете да погледнете горе, а втората се очекува наскоро.

 



Врати се горе ↑