21 септември, 2015

Погледнете го првиот видео запис на тетовците „Катинг еџ“

Синоќа во кафулето „Тихуана“ во Тетово се одржа промоцијата на првиот видео запис на тетовскиот инди/електронски/синт-поп бенд „Катинг еџ“ (Cutting Edge). Станува збор за екранизација на песната „Fade Away“, која ќе се најде на нивниот деби албум „Connected“. Видео записот го режираше Небојша Стојаноски, со помош на Глигор Кондовски и Перо Сарџовски, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑