21 декември, 2013

Погледнете го првиот видео запис на Сем Бејли

Актуелната победничка на 10-тата сезона од британскиот X Factor, 36-годишната Сем Бејли деновиве и официјално го претстави нејзиниот победнички сингл, темата „Skyscraper“ која во 2011 година ја претстави американската пејачка Деми Ловато. Во ова прво официјално видео се споени најубавите и највозбудливи моменти од нејзиното учество на овој натпревар – од првата аудиција сè до последниот настап на големото финале кое се одржуваше на 14-ти и 15-ти декември во познатата лондонска арена Вембли. Овој сингл ќе се пласира директно во божиќната сингл листа во Велика Британија, а како изгледа првиот видео запис на Сем Бејли можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑