6 октомври, 2015

Погледнете го првиот видео запис на Пепа Димитрова

Пепа Димитрова деновиве го претстави својот прв видео запис за песната „Плачеш со мене“, чии автори се Григор Копров (музика), Владимир Дојчиновски (аранжман) и Борче Димитров (текст). Видеото се снимаше два дена на повеќе локации во Охрид и Скопје, а го изработи продукцијата „Мунлајт“, со ред оне камера во 4 к резолуција.

Покрај убавините на Охридското езеро, ова е можност за публиката да ја запознае Пепа визуелно и да ја види во издание кое е несекојдневно. Највозбудлив момент во видеото е летањето со балон на голема висина и иако ова беше прво искуство за Пепа, таа покажа голема храброст.

Креацијата на гардеробата и шминката се на Фросина Ангелова – Фран, а фризурата е на Сретен. Како изгледа и звучи „Плачеш со мене“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑