30 април, 2013

Погледнете го првенчето на охридскиот рок состав „Бекдор бенд“

Во изминатиов период охридскиот бенд „Бекдор бенд“ (Тhe Backdoor Band) започна со снимање на авторска музика, а деновиве во Скопје и Охрид со промоција го претставија видео записот за нивниот прв сингл со наслов „На задна врата“. Видео записот снимен во дискотеката „Парк“ во Охрид,  под режисерската палка на Даниел Јовески – Sustain Entertainment, а  по сценарио на  „Бекдор бенд“. Главните улоги ги играат Петар Џепароски и Хелена Роза.

„Музиката за првиот наш сингл е на Жарко Јакимоски и Лазе Фармакоски, текстот на Жарко Јакимоски, а аранжманот на членовите на бендот. Задоволни сме од промоцијата и приемот кој го имавме како во Скопје, така и тука во Охрид. За скоро време ќе снимаме нов видео-запис, а до есен би требало да излезе нашиот прв студиски албум.“ – вели тапанарот на бендот, Никола Колјушевски.

Составот е формиран пред повеќе од две години, а во него членуваат Жарко Јакимоски (вокал), Лазе Фармакоски (гитара), Александар Марковиќ (бас гитара) и Никола Колјушевски (тапани).

 


Врати се горе ↑