16 јули, 2013

Погледнете го првенчето на Невена Божовиќ

Невена Божовиќ која годинава ја претставуваше Србија на Евровизија како дел од групата Моје 3, неодамна ја сними својата прва песна во соработка со Александра Ковач, а видео записот во режија на Немања Новаковиќ беше промовиран денеска. На промоцијата во Белград беа пристутни и бројни колеги од музичката сцена, меѓу кои и авторите на песната Александра Ковач и Роман Горшек.

Невена изјавила дека е презадоволна од целиот проект, а нови песни ќе пристигнат веќе во септември. Првиот самостоен сингл на оваа млада и надежна пејачка можете да го видите и слушнете горе.

Извор: Трачара



Врати се горе ↑