24 февруари, 2015

Погледнете го првенчето на Мусти Изеировски

Како што Ви најавивме неодамнаМусти Изеировски деновиве ја претстави својата прва оригинална песна насловена „Теби дачу све“, која претставува вовед во новиот материјал што талентираниот велешанец ќе го претстави наскоро. Новата песна ја сними заедно со српскиот рапер Ем-си Ина (MC Ina), кој се потпишува и како автор на текстот, музиката е дело на Игор Племиќ, аранжманот го направија заедно со Мусти, а придружните вокали ги отпеа Сара Рељиќ.

Првенчето на Мусти, кое можете да си го симнете на овој линк, стигна заедно со видео запис во реализација на „ПлемаФилм“, а покрај момците, во спотот се појавува и манекенката Сара Трајановиќ, поранешна учесничка во реалното шоу „Фарма“. Снимањето се одвиваше во белградскиот „Каше бар“ (Caché Bаr), а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑