6 ноември, 2012

Погледнете го првенчето на Мики Секуловски

Талентираниот велешанец Мики Секуловски, кој на сите ни е добро познат од учеството на Македонски Идол, во месец септември  ја објави и неговата најнова песна со наслов „Зошто мора да си ти“, чиј текст го потпишуваат Мики заедно со Рената Кралевска, додека за музиката и аранжманот се погрижи Зоран Алексиќ, а звуците на гиратата ги отсвири Ристе Шандаров.

Секуловски довербата им ја даде на Sky Eye Entertainment кој го изработи овој прв видео запис на Мики, а за режијата се погрижи Илија Тодоровски. Спотот вчера беше ексклузивно прикажан во емисијата Екстра Ексклузив, а сега ја имате можноста и овде да ја погледнете целата приказна и да уживате во уште едно квалитетно парче македонска музика.

 



Врати се горе ↑