16 ноември, 2012

Погледнете го првенчето на „Геврек“

Групата млади охриѓани кои настапуваат под името „Геврек“ го снимија нивниот прв видео запис за песната „Патувам“. Бендот е формиран во септември 2009 година во Охрид. На почетокот функционира како бенд кој изведува преработки од познати светски поп и рок хитови. Следат многу настапи во локалите низ Македонија.

Во групата членуваат Иво Нелоски – вокал, ритам гитара и виолина, Крсте Симиџиоски на бас гитара, Никола Јосифоски – вокал, перкусии и клавијатури и Јован Бочвароски на гитара. Групата „Геврек“ во изминатиов период настапуваше во локалите низ Западна Македонија. Момците од Геврек го снимија првиот студиски албум во студиото „Кречо саунд“, кој е сниман во копмлетно акустична варијанта, како што и бендот функционираше во првите две години.

Ова е прво официјално авторско видео, по unplugged сесијата која членовите на бендот ја направија на почетокот на летниот период. Видеото е дело на Даниел Јовески, а е работен во неговото „Sustain“ студио.



Врати се горе ↑