Свет beyonce

4 декември, 2012

Погледнете го промотивниот клип за филмот на Бијонсе

Неодамна беше најавен документарниот филм за пејачката Бијонсе Ноулс, кој ќе го режира самата таа, а деновиве беше објавен и краток промотивен клип за истиот. На почетокот на истиот пејачката вели: „Секогаш се борев со тоа колку ќе откријам за себеси“. Од овој краток преглед не може да се каже колку ќе открие пејачката за нејзиниот живот, иако во видеото се најавува дека ќе биде „Raw, Real, Revealed“. Филмот својата премиера ќе ја доживее на Home Box Office мрежата на 16-ти февруари следната година.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑