22 март, 2013

Погледнете го „Причина-предумисла“ од „Стринг форсис“

По четригодишна визуелна пауза, македонскиот состав „Стринг форсис“ во четвртокот, на 21 март го промовираше своето ново аудио и визуелно остварување под наслов „Причина-предумисла“. Темата е истовремено и нивни прв сингл од новиот албум во изработка.

Покрај музиката која што е на „Стринг форси“с, видеозаписот е режисерско дело на Дина Дума, врз основа на концептот на Дориан Јовановиќ. Во главната улога се појавува Влатко Зафирковски, директор на фотографијата е Горан Наумовски, Тања Рибарска монтажа, сценографија на Влатко Зафирковски, шминка Жанета Димитриевска и колор корекција Александар Стојановски. Видео записот е поставен на сервисот Вимео, a можете да го погледнете и на веб-сјатот на Стринг форсисstringforces.info, на некои од македонските телевизии како и на музичкиот канал  Ем-ти-ви Адрија.

Премиерата на видеозаписот се одржа во преполниот клуб „Менада“, во четвртокот навечер (21 март) каде што покрај премиерното прикажување на видеозаписот, се претстави и екипата што работеше на него, а целата атмосфера беше надополнета со диџеј-настапот „A Lazarus Taxon“ на тапанарот на „Стринг форсис“, Лазар Дарковски.

Извор: plusinfo.mk



Врати се горе ↑