11 април, 2013

Погледнете го „Power Trip“ од Џеј Кол и Мигел

На 25-ти јуни се очекува вториот студиски албум кој ќе го претстави раперот Џеј Кол (J. Cole) – изданието „Born Sinner“ е најавено уште минатата година со песната „Miss America“. Новиот албум ќе има сериозна задача да го достигне и престигне успехот на претходниот прв албум на раперот, пејач и продуцент насловен „Cole World: The Sideline Story“, објавен во 2011 година и до сега продаден во „златен“ тираж, а Кол заработи и Греми номинација во категоријата „Најдобар нов артист“.

Сега раперот го претставува и видео записот за првиот официјален сингл од новото издание. Станува збор за песната „Power Trip“ во која гостува Мигел, на кој му е наменета и посебна улога во новиот видео запис, кој можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑