24 април, 2013

Погледнете го „Play Hard“ од Дејвид Гета, Ни-Јо и Ејкон

Дејвид Гета минатата година го објави реизданието на неговиот претходен албум – „Nothing But The Beat 2.0“ понуди многу нови песни и ремикси во однос на оригиналната верзија, а една од нив беше и песната „Play Hard“ во која гостуваат Ни-Јо и Ејкон. А сега, за овој деветти сингл кој доаѓа од „Nothing But The Beat“ проектот и кој е базиран на семпл од песната „Better Off Alone“ (Алис ДиЏеј), пристигна и доста забавен видео запис во кој има каубојци и родео, луѓе со златни маски и други бројни лудории. Како тоа изгледа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑