24 декември, 2013

Погледнете го „Plastic Sky“ од српскиот состав Микросоник

Српскиот инди рок бенд Микросоник неодамна го најави својот деби албум, а тоа го направи со првиот сингл насловен „Plastic Sky“. Токму оваа тема деновиве доби и свое видео издание, кое беше снимено во новосадската пивница „Црни бик“, кадешто се одржа и претпромоцијата на нивниот нов албум. Камерата, режијата и монтажата ја потпишува нивниот пријател и соработник Даниел Мудрински, а фотографиите во од настанот ги направи Станислав Милојковиќ.

Деби албумот на Микросоник насловен „Unreal Images“ содржи 12 песни и е снимен во студиото „Каменолом“ во Нови Сад, Србија, под продуцентската палка на Владимир Миладинов. Новиот видео запис можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑