12 декември, 2013

Погледнете го „Perfume“ од Бритни Спирс

Една од најпознатите пејачки во историјата на поп музиката, Бритни Спирс неодамна го објави нејзиниот осми студиски албум насловен „Britney Jean“, кој како што вели самата пејачка, е „најличниот“ албум до сега. Станува збор за колекција од 10 нови песни, меѓу кои и двата најавн сингла – „Work B**ch“ и баладата „Perfume“. Откако музичките медиуми доста лошо го оценија текстуалниот видео запис за новата балада, сега кога пристигна официјалниот видео запис, приказната е сосема поинаква. Имено, во екранизацијата на „Perfume“, пејачката ги прикажува и нејзините актерски способности играјќи улога на девојка која е несигурна во себе.

Видео записот го режираше Џозеф Кан, но тој на Твитер се пожалил дека повеќе му се допаѓала неговата верзија, која за жал не била одобрена од нејзиниот тим, така што целокупниот производ бил преработен и била објавена изменетата верзија на истиот. Иако новиот албум на Бритни доби доста лоши критики, а на топ листите котира на пониски позиции (за разлика од нејзините претходни изданија), сепак со ова видео пејачката се потрудила да се врати во форма.



Врати се горе ↑