25 февруари, 2014

Погледнете го „Partition“ од Бијонсе

По ненадејното објавување на нејзиниот петти студиски албум, на кој сите 17 теми доаѓаат во пакет со видео записи, Бијонсе на својот официјален VEVO канал објави само 2 видео записа (за „Drunk In Love“ и „XO“), а денеска стигна и третиот. Станува збор за песната „Partition“ која е една од омилени песни на Бијонсе и е инспирирана од ноќта кога се верила со Џеј Зи, кој исто така на кратко се појавува во видео записот, а сето тоа се снимаше во Франција и парискиот кабаре клуб „Crazy Horse“, под режисерската палка на Џејк Нава. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑