15 септември, 2014

Погледнете го „Paris sera toujours Paris“ од Заз

Како што Ви пренесовме неодамна, француската сензација Заз подготвува албум посветен на најромантичниот град во светот, Париз. Изданието насловено едноставно „Paris“, кое ќе биде трет студиски албум за 34-годишната пејачка и ќе биде објавено на 10 ноември, ќе содржи 12 преработки на најпознатите шансони кои ја опеваат француската престолнина, а меѓу соработниците кои ѝ помогнаа за новите аранжмани се најде и легендарниот американски композитор и продуцент Квинси Џонс.

Првиот сингл со кој го најавува новото издание е темата насловена „Paris sera toujours Paris“, чија оригинална верзија ја отпеа Морис Шевалие во 1939 година. Песната беше официјално објавена денеска, а видео записот кој премиерно беше прикажан на францускиот „Л Паризјан (Le Parisien)“ можете да го погледнете горе (или овде).



Врати се горе ↑