11 јануари, 2014

Погледнете го „Para Enmorarte De Mí“ од Давид Бизбал

Популарниот шпански музичар Давид Бизбал деновиве го претстави својот нов видео запис за темата „Para Enamorarte De Mí“, сингл со кој го најавува неговиот шести студиски албум насловен „Tu y Yo“, кој треба да излезе во текот на годинава. 34-годишниот пејач кој се прослави со учеството во шпанската верзија на музичкиот натпревар „Операција триумф“ во 2001 година, во својата кариера има снимено 5 студиски, 3 албума во живо и 1 компилација со најголемите хитови, а меѓу многубројните награди има добиено и 2 Латински Греми награди.

Соработувал со светски ѕвезди како што се Мајли Сајрус, Ријана, Пикси Лот, Алехандро Санз и други, а за пошироката публика е можеби најпознат по хитот „Waving Flag“, кој беше официјална химна за светското фудбалско првенство во 2010 година. Покрај подготовката на новиот албум, Бизбал е ангажиран и како судија и ментор во мексиканската и шпанската верзија на музичкиот натпревар „The Voice“, односно „La Voz“. По „Para Enamorarte De Mí“, чиј видео запис можете да го погледнете горе, следниот сингл насловен „Diez Mil Maneras“ ќе биде објавен на 23-ти јануари.



Врати се горе ↑