29 февруари, 2016

Погледнете го оскаровскиот настап на Викенд

Популарниот канадски музичар Абел Тесфеј, познат како Викенд, беше еден од изведувачите кои настапија на синоќешното, 88. по ред доделување на академските филмски награди, кои се одржаа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. За својот хит „Earned It“ од филмот „Педесет нијаси сиво“, пејачот беше номиниран во категоријата „Најдобра оригинална песна“, но наградата отиде во рацете на колегата Сем Смит. Како изгледаше неговиот настап можете да погледнете горе.

Викенд годинава настапи и на доделувањето на Греми наградите, каде што освои 2 златни грамофони, како и на британските музички награди, каде што беше номиниран во категоријата Најдобар интенарнационален изведувач. Иако е сè уште актуелен со албумот „Beauty Behind The Madness“, пејачот откри дека веќе работи на нов материјал, па можеби наскоро ќе нè изненади со уште некој хит.

 



Врати се горе ↑