29 февруари, 2016

Погледнете го оскаровскиот настап на Сем Смит

Младата британска ѕвезда Сем Смит, кој минатата година триумфираше на Греми и БРИТ наградите, во својата колекција на статуетки синоќа ја додаде и престижната академска филмска награда Оскар, која заедно со својот соработник Џими Нејпс ја освои за Бондовата тема „Writing’s On The Wall“. Пејачот ја изведе оваа песна и во рамките на синоќешната манифестација, а неговиот настап можете да го погледнете горе.

За Бондовата тема од 26. по ред филм за тајниот агент Џејмс Бонд, Смит претходно се закити и со Златен глобус, исто така во категоријата за Најдобра оригинална песна.



Врати се горе ↑