17 јануари, 2014

Погледнете го „Опет си са њом“ од Емина Јаховиќ

Познатата српска пејачка и актуелен член на жирито во X Factor, Емина Јаховиќ деновиве го претстави својот нов сингл и видео запис „Oпет си са њом“, кој премиерно беше прикажан во вторникот во рамките на втората финална вечер од натпреварот. Оваа песна е уште еден од низата синглови со кои пејачката го најавува нејзиниот нов албум, кој првично беше најавен за мај минатата година, но според последните информации треба да пристигне наскоро.

Покрај подготовката на новиот албум, Емина има улога на ментор и жири во првото издание на регионалниот X Factor, а им помага и ги подучува кандидатите од категоријата „момчиња“ во која се наоѓаат натпреварувачите Алекса Перовиќ, Харис Ќато и Лукијан Ивановиќ. 



Врати се горе ↑