28 октомври, 2014

Погледнете го „Open Wide“ од Келвин Харис и Биг Шон

Само неколку дена пред објавувањето на неговиот четврт по ред студиски албум „Motion“, закажан за 31 октомври, популарниот диџеј и продуцент Келвин Харис го претстави видео записот за промотивниот сингл „Open Wide“, во кој гостува американскиот рапер Биг Шон, а како изледа сето тоа можете да погледнете горе.

На наследникот на успешното издание „18 Months“ ќе се најдат и хитовите „Summer“ и „Blame“, а како четврт официјален сингл неодамна беше објавена и темата „Outside“, за која повторно соработуваше со британската музичарка Ели Гоулдинг. Нивната заедничка песна можете да ја слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑