5 ноември, 2012

Погледнете го „Опасно време“ на Елена Ристеска

Денеска во 12 ч. во кафетеријата “Драма“ на Улица Македонија (спроти ресторанот Пелистер) се одржа промоцијата на  видео спотот за најновата песна на поп пеjачката Елена Ристеска –“Опасно време“ со која по едногодишна апстиненција, Елена супериорно се враќа на сцената во до сега невидено издание.

Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност “краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески. Покрај главната “хероина Елена“, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот се снимаше на дваесеттина локациии во Скопје и Охрид во период од една седмица.
Песната  “Опасно време“ е снимена во студиото “Димитрови“, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.

Одлична песна и одличен видео запис, вреди да се слушне и да се види.



Врати се горе ↑