7 декември, 2013

Погледнете го „One More Sleep“ од Леона Луис

Како што веќе Ви пренесовме, британската пејачка Леона Луис во октомври го најави својот нов сингл, а темата насловена „One More Sleep“, која се најде на нејзиниот неодамна објавен божиќен албум „Christmas, With Love“, деновиве доби и свое видео издание кое можете да го видите горе. Од победата на британскиот X Factor во 2006 година, Леона има снимено четири студиски албуми, вклучувајќи го и актуелниот „Christmas, With Love“, кој е нејзин прв празничен албум.

Веќе на почетокот на следната 2014 година, Леона ќе започне да снима нов материјал за нејзиниот петти студиски албум, а покрај музичката кариера, пејачката ќе го има и својот прв обид како актерка во мјузиклот насловен „Holiday“.



Врати се горе ↑