18 април, 2015

Погледнете го официјалниот евровизиски видео запис на Србија

Српската евровизиска претставничка за годинава, Бојана Стаменов деновиве го претстави официјалниот видео запис за нејзината „Beauty Never Lies“, кој се снимаше во прекрасниот дворец Дунѓерски во Кулпин. Пејачката, која во 2012 година се прослави со учеството во емисијата „Јас имам талент“, победи на српскиот избор со песната „Цео свет је мој“, потпишана од Владимир Граиќ, авторот и на победничката „Молитва“ на Марија Шерифовиќ во 2007 година.

Како и сите евровизиски претставници, така и Бојана периодов е зафатена со промотивна турнеја ширум Европа, а за песната да им ја доближи на што поголем број евровизиски фанови, освен англиската и српската верзија, снимени се и верзии на шпанскифранцуски и германски јазик. Интересно е тоа што германската верзија има и нов аранжман, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

И покрај тоа што секојдневно патува од една држава во друга, таа сепак наоѓа време лично да им се обрати на евровизиските фанови: „Сето тоа е со цел да им бидеме што е можно подостапни на евровизиските фанови. Навистина би сакала да ме запознаат подобро, да видам која сум јас. Не само што ќе имаат можност да ѕирнат зад сцената, туку и во обични денови. Тоа одлично се вклопува со пораката на песната. Сите ние сме мошне обични луѓе, но истовремено посебни и различни. Треба да бидеме свесни за тоа и да го кажеме јасно и гласно“, порача пејачката во неодамнешно интервју за официјалната евровизиска веб страна.

Бојана ќе настапи во првата полуфинална вечер, на 19 мај, под реден број 9, веднаш по нашиот претставник Даниел Кајмакоски.



Врати се горе ↑