4 април, 2013

Погледнете го „Numb“ од Кеси и Рик Рос

Познатата манекенка и Р&Б пејачка Касандра Вентура, многу попозната како Кеси (Cassie), за годинава го најавува нејзиниот долгоочекуван втор албум, за кој за сега не се познати многу детали. Своето деби издание насловено „Cassie“ пејачката го претстави во 2006 година, но пред вториот албум, како вовед во новите материјали, Кеси за 11-ти април го најавува микстејп изданието „#RockaByeBaby“ – списокот на песни од колекцијата во која гостуваат Виз Калифа, Пуша Ти, Френч Монтана, Џеремаја, Фебјулс, Мик Мил, Ту Шорт и Естер Дин можете да го видите во продолжение, а горе погледнете го видео записот за синглот „Numb“, во која гостува Рик Рос и чија режија ја потпишува Алекс Назари.

1. “Intro”

2. “Paradise” (featuring Wiz Khalifa)

3. “Take Care of Me Baby” (featuring Pusha T)

4. “Addiction” (featuring French Montana)

5. “Numb” (featuring Rick Ross)

6. “Sound of Love” (featuring Jeremih)

7. “I Love It” (featuring Fabolous)

8. “RockaByeBaby”

9. “I Know Whatcha Want” (featuring Meek Mill)

10. “Turn Up” (featuring Too $hort)

11. “Do My Dance”

12. “Bad Bitches” (featuring Ester Dean)

13. “All My Love”

Извор: Idolator



Врати се горе ↑