16 јуни, 2017

Погледнете го новото видео на Ријана и диџеј Калид

Неодамна објавената песна од претстојниот албум на диџеј Калид, „Wild Thoughts“, која музичарот ја сними во соработка со колегите Ријана и Брајсон Тилер, веќе доби и свое видео издание. Овој летен хит е изграден врз основата на добро познатата „Maria Maria“ од Карлос Сантана, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑