27 јуни, 2017

Погледнете го новото видео на Келвин Харис, Фарел, Кејти Пери и Биг Шон

Новиот летен хит на Келвин Харис, во кој гостуваат колегите Фарел Вилијамс, Кејти Пери и Биг Шон, темата „Feels“ штотуку доби и своја екранизација. Претставена пред десетина дена, песната е уште една најава за новиот албум на шкотскиот диџеј и продуцент, кој ќе пристигне в петок, 30 јуни, а на кој гостуваат најголемите имиња на музичката сцена, меѓу кои Аријана Гранде, Џон Леџенд, Ники Минаж, Снуп Дог и многу други.

Како изгледа „Feels“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑