24 февруари, 2013

Погледнете го новиот видео запис од Карли Реј Џепсен

Како што неодамна најави канадската поп сензација Карли Реј Џепсен, четвртиот сингл од нејзиниот актуелен и доста успешен албум „Kiss“ е нумерата „Tonight I’m Getting Over You“, која ја претстави на радио станиците во САД и на сервисот iTunes на 19-ти февруари. Само неколку дена подоцна, на 23-ти февруари го претстави и видео изданието, чија продукција ја потпишуваат Лукас Хилберт и Макс Мартин.

За режијата на новиот видео запис се погрижи Натали Кангилхем, која неодамна го режираше и видео изданието на „Boomerang“, повратничкиот сингл на Никол Шерцингер. Погледнете како изгледа „Tonight I’m Getting Over You“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑