12 јуни, 2014

Погледнете го новиот видео запис на Тајзи

Тајзи денеска го промовира својот нов видео запис за новоизлезената песна „Дома си е дома“. И овој пат тој претставува нешто поинакво со песна која има широкоаголен социјален размер. Текстот напишан од Тајзи е порака до сите граѓани, посебно наменета за младите.

Музиката и аранжманот ги работеше Јован Јованов, а видеото е работено со Флукс Продукција. За режијата се погрижи Дарко Манасијески (Иноватива Груп), а за пост продукцијата Владимир Дади Ивановски (Иноватива Груп). Овој спотот е сниман на повеќе локации низ Македонија.

Тајзи оваа сабота, на 14-ти настапува на „Beat event” во Битола, а со „Дома си е дома” го најaвува богатото лето со настапи низ како што вели во новата песна: „Нашата мила  Македонија…” Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑