14 ноември, 2013

Погледнете го новиот видео запис на Тајд

Сливенечката група Тајд (Tide) предводена од Кевин Корадин, деновиве го објави видео записот за баладата „Love Is Gone“. Ова е трет сингл од актуелниот албум насловен едноставно „No. 4“, издание кое според големиот број на релевантни медиуми е сместено помеѓу најдобрите албуми од минатата година. Составот основан пред повеќе од 10 години во Холандија, новиот видео запис го сними во љубљанскиот Цветличарни Медиапарк, во режија на Тина Истениќ, со која соработуваа и за видео записот за темата „Riot Act“. За светлата кои се еден од клучните елементи на видео записот, се погрижи Чрт Бирса, а сниматели беа Андраж Брелих и Блаж Миклич.

„Идејата на видео записот е многу едноставна. Сакавме да ги прикажеме Тајд во акција, хемијата на бендот и настапите во живо. Немаме потреба да создаваме вештачка приказна или музика поврзана со настаните од животот или политиката. Овој пат, во прв план ја истакнуваме музиката и ’перформансот’ на групата“ – изјавил Кевин Корадин, пејачот и гитарист на групата, а останатите членови на бендот истакнаа дека „гледачите на видео записот ќе се чувствуваат како да се дел од групата и дека се со нив на бината“.

Интересно е тоа што „Love Is Gone“ е првата балада на Тајд која ќе добие своја екранизација.



Врати се горе ↑