18 јули, 2014

Погледнете го новиот видео запис на Тајчи

Некогашната југословенска ѕвезда која е најпозната по нејзиниот хит „Хајде да лудујемо“, хрватската пејачка Тајчи деновиве го претстави својот нов видео запис за темата „Главу подигни“, чии автори на музиката се самата Тајчи и Скот Мулвахил, текстот на хрватски јазик го напиша Антонија Шола, аранжманот е на Брајан Ленокс и Кентаки Тандер бенд, а продукцијата ја потпишува Драган Чачиновиќ Чач. Песната има и верзија на англиски јазик насловена „Keep Your Head Up“, а е второ враќање на сцената по кантавторското дело од 2012 година, темата „Све је могуче“.

Видео записите се снимени на локации во Дубровник и Нови Винодолски, Хрватска, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе (хрватска верзија) и долу (англиска верзија).

 

 



Врати се горе ↑