4 февруари, 2013

Погледнете го новиот видео запис на Суед

Иконите на бритпоп звукот, бендот Суед (Suede), кои во САД често се нарекуваат и Лондон Суед, ќе го објават нивниот прв албум во изминатите десет години, кој ќе го наследи „A New Morning“ од 2002 година. Изанието со наслов „Bloodsports“ ќе пристигне на 19-ти март.

Од новиот албум, бендот веќе ја објави песната „Barriers“, а сега го претставуваат и видео записот за првиот официјален сингл „It Starts and Ends With You“. Во соопштението за јавноста, фронтменот Брет Андерсон синглот го опишал како „горчливо-слатка полетна поп песна“, која обработува тема на „заљубеност и привлечност, како и треската која е поврзната со љубовните проблеми“. За албумот тој изјавил дека зборува за „страста“, „потрагата“ и „бескрајната телесна игра на љубовта“. Пред извесно време, во интервју за британскиот New Musical Express, за новиот албум Андрерсон изјавил: „Овој албум е веројатно и најтешкиот на кој сме работеле воопшто, но на крајот ни донесе и најголемо задоволство. Неговите десет фуриозни песни за мене значат дека повторно се во игра истите нешта кои отсекогаш биле карактеристични за Суед: драма, мелодија и бучава“.

 Новиот видео запис погледнете го горе, а песната „Barriers“ можете да ја преслушате во продолжение.

Извор: Pitchfork/Mtv



Врати се горе ↑