24 април, 2014

Погледнете го новиот видео запис на Стефан Коковиќ од X Factor

Момчето кое публиката во регионот го запозна со учеството на првиот регионален музички натпревар X Factor, но за жал не успеа да стигне до емисиите во живо, Стефан Коковиќ вчера го претстави својот прв видео запис за темата насловена „Паника“. Позади оваа одлична денс песна која е деби сингл за Коковиќ, како автори се потпишуваат Ана Штајдохар (музика и текст), Никола Демоња и Марио Миливојевиќ (аранжман), а учествува и танцовата група „UV Dance“ од Белград. На синоќешната промоција во српската престолнина присуствуваа голем број пријатели на Коковиќ, меѓу кои и победникот на првиот X Factor, Даниел Кајмакоски. Како звучи и изгледа првенчето на Стефан можете да видите горе.



Врати се горе ↑