20 февруари, 2013

Погледнете го новиот видео запис на Софија Манева

Вчера, Софија Манева преку својот youtube канал го промовираше видео записот за насловната песна од нејзиниот истоимен албум  „Тишина“ зад која како музика, текст и аранжман се потпишаа Тони Соколов – Цока и Перо Манев.

Кожувчанка како единствен спонзор на овој видео запис уште еднаш ја потврди соработката и довербата кон својата сограѓанка, а обожавателите на македонската забавна музика ке можат да уживаат во многу добар спој на аудио и видео.

Промоцијата на албумот, Софија ја најавува за средината на април годинава.



Врати се горе ↑