20 мај, 2014

Погледнете го новиот видео запис на Кајли Миног

Третиот сингл од актуелниот дванаесетти студиски албум на австралиската поп дива Кајли Миног, песната „I Was Gonna Cancel“, чиј автор и продуцент е американскиот хитмејкер Фарел Вилијамс, деновиве доби свој видео запис, за кој пејачката изјавила: „Овој видео запис е еден апстрактен поглед на обичниот живот и на тоа како сите едноставно се трудиме и се обидуваме да одговориме на секојдневните предизвици. Иако во песната се зборува за вистински настани кои се случија на денот кога Фарел и јас ја снимивме песната, видео записот има еден концептуален пристап кон таа тема и ми се допаѓа што сето тоа делува надреално.“ Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑