3 февруари, 2015

Погледнете го новиот видео запис на Џорџо Мородер и Кајли Миног

Како што Ви пренесовме неодамна, легендарниот италијански продуцент Џорџо Мородер се враќа на музичката сцена со нов албум, а негово тринаесетто студиско издание ќе го носи насловот „74 Is The New 24“ и би требало да пристигне на пролет. По насловната тема, следува соработката со австралиската дива Кајли Миног, која го носи насловот „Right Here, Right Now“ и чиј видео запис можете да го погледнете горе.

74-годишниот музичар, кој ги продуцираше најголемите хитови на легендарната Дона Самер, покрај Миног, за новото издание соработувал и со имиња како што се Бритни Спирс, Сиа, Чарли Екс-си-екс, Мики Еко и други.



Врати се горе ↑