17 септември, 2014

Погледнете го новиот видео запис на Џибони снимен под вода

Иако летниот период му беше исполнет со концертни настапи, хрватскиот музичар Џибони сепак најде време нова музика, па во изминатите неколку месеци сними нова песна во соработка со италијанскиот музичар Данило Сако. Интересно е тоа што дуетот насловен „Non credere“, кој е отпеан на англиски и италијански јазик, доби видео запис кој е делумно снимен под вода. Во режија на Марко Петриќ, видео записот се снимаше на локации во Венеција во Италија, Рогозница, Шибеник, Комижа и Сплит во Хрватска, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Познатиот кантавтор, кој минатата година го објави албумот на англиски јазик насловен „20th Century Man“, во текот на летото одржа концерти во повеќе европски градови, а следниот настап е закажан за 18 октомври во Виена, Австрија.

 



Врати се горе ↑